

Утре 24 Мај е неработен ден за сите жители во Република Македонија, бидејќи се слави денот на светите браќа Кирил и Методиј кој се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи.
24 Мај е државен празник во Македонија кој се празнува во чест на основачите на првата словенска азбука.
По повод овој ден локалната самоуправа на Општина Јегуновце заедно со Градоначалникот Дарко Блажески упатува честитка до сите жители на Република Македонија.

Во чест на Бобан Симовски Бобе и неговиот пријател и другар Александар Димчевски Трска во населено место Јанчиште организиран е осма година по ред меморијален турнир во мал фудбал.

Турнирот започна на 20 Мај додека финалето е закажано за 10 Јуни. Бројот на екипи изнесува 30, а натпреварите се играат во две фази: првата фаза по групи и втората елиминациона фаза.

Голем придонез за турнирот несебично дава и локалната самоуправа на Општина Јегуновце.
Општина Јегуновце постојано вложува средства за развој на спортот, издвојува средства како на регистрираните спортски клубови, така и за организирање на турнири по населените места.
Денес 05.05.2018 година – Вработените од локалната самоуптава на Oпштина Jегуновце и вработените во комуналното претпријатие заедно со градоначалникот Дарко Блажески, успешно спроведоја акцијата за чистење и разубавување на животната средина.

Во акцијата акцент ставен беше на пошумување, чистење на дивите депонии, подигнување на комуналниот отпад како и чистење на улиците и парковите низ населено место Јегуновце.

Општина Јегуновце оваа заложба за почиста и поздрава животна средина ја поместуваа меѓу најважните приоритети и ќе се залага за чистење на сите диви депонии на својата територија.


Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце
„1 Мај“ е меѓународен ден на трудот, државен празник во повеќе земји во светот меѓу кој и Република Македонија, овој ден е неработен за сите жители.
1 Мај се одбележува во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, било употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени на суд, при што четворица од нив биле и погубени.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце
Денес 27.04.2018 година со почеток во 10 часот се ордржа осма седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.
На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, додека дневниот ред содржеше 7 точки.

Во организација на ЛАГ СКАРДУС и Општина Јегуновце на 24 и 25.04.2018 година се одржаа две раборилници во рамките на проектот “Градење на функционално партнерство меѓу локалните институции, бизнис секторот и невладините организации“.

Проектот го реализираа ЛАГ СКАРДУС и Општина Јегуновце и истиот финансиски е поддржан од Проектот ИПА 2 на ЕУ.
На работилниците присуствуваа 37 учесници кои имаа можност низ интерактивна работа да се запознаат со можностите за соработка преку ЛЕАДЕР мерката на ИПАРД Програмата , односно преку Локалните Акциски Групи (ЛАГ) , а во функција на создавање на услови за поголем развој на заедницата.

Покрај тоа, со гостите од Унгарија и Република Чешка беа споделени искуства од начинот на формирање и функционирањето на Локалните Акциски Групи во Унгарија и Чешка и нивниот придонес во руралниот развој во нивните земји.

Денес 24.04.2018 година – Започна поставувањето на нов асвалт на регионалниот патен правен Р-2234 Јегуновце-Пршовце.

Со овој зафат ќе се изврши целосна рехабилитација во вкупна должина од 4900 метри, комплетна реконструкција помеѓу двете пруги од 160м, каде очекувано ќе се подобрат условите и ќе се олесни одвивањето на сообраќајот во овој дел на општината.

Денес Градоначалникот Блажески направи увид во градежните активности кои се одвиваат на самата изградбата на патот, констатирано беше дека градежните активности се одвиваат според зацртаната динамика на изведба и овој проект се очекува да биде комплетиран наредните неколку дена.
Изведувачи се фирмата ЕСКАВАТОРИ, додека средствата за успешна реализација се обезбедени од страна на Влада на Р.М во соработка со општина Јегуновце и општина Теарце.
По предлог на градоначалникот Дарко Блажески советот на општина Јегуновце донесе одлука за утвдрување на цена по приклучок за фекална канализација за населените места од општина Јегуновце.
Со оваа одлука наместо досегашните 300 евра по приклучок висината ќе изнесува само 150 евра, со што значително ќе се намалат трошоците кај идните корисници од сите населени места во општина Јегуновце.

