Граѓаните на општината имаат право да му предложат на Советот да донесе одреден акт или да реши одредено прашање од неговата надлежност.

Иницијатива од претходниот став не може да се однесува за кадровски или финансиски прашања.

За предлогот од ставот 1 на овој член, Советот е должен да расправа ако го поддржат најмалку 10% од избирачите во општината односно на месната самоуправа на која се однесува определеното прашање.

Расправата од ставот 1, Советот е должен да ја одржи најдоцна 90 дена по доставената иницијатива и да ги инфромира граѓаните за својата одлука.