Отворено нова канцеларија, подрачното оделение од центарот за социјални работи Тетово

Денес 15.01.2020 година во присуство на градоначалникот Дарко Блажески, заменик министерот за труд и социјална политика Санела Шкриељ и директорот на центарот за социјални работи од Тетово Дарко Обадиќ во населено место Јегуновце официјално ја пуштија во употреба новата канцеларија, подрачно оделение од центарот за социјални работи Тетово.

Придобивките од отворањето на ова  одделение во Јегуновце се од големо значење за жителите кои живеат на територијата на Општина Јегуновце, бидејќи услугите кои што  ќе може да ги добијат  во канцеларијата се однесуваат на сите права и услуги од областа на социјалната заштита.

Министерството за труд и социјална политика презеде конкретни мерки за овозможување на поголема достапност на социјалната работа и социјалната заштита до сите граѓани, особено до оние кои живеат во руралните средини и во населени места кои се надвор од седиштето на Центарот за социјална работа.

Градоначалникот  Дарко Блажески во дадената изјава ја поздрави оваа активност, потенцира дека  со отворање на оваа канцеларија жителите на општина Јегуовце ќе можат непречено да ги остварат сите права и услуги од областа на социјалната заштита, полесно и подостапно од досега.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

 

Одржана триесетивтора седница на советот на Општина Јегуновце

Денес 15.01.2020 година со почеток во 12:00 часот се ордржа триесетивтора седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, дневениот ред содржеше 1 точка. Присутни беа 13 советници како и градоначалникот Дарко Блажески.

Дневен ред:

          -Усвојување на записник од триесетипрва седница.

  1. Предлог – Одлука за основање на заедничко јавно претпријатие.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Честитка по повод Божиќ

Локалната самоуправа на Општина Јегуновце и градоначалникот Дарко Блажески на сите православни христијани им го честита Христовото раѓање – Божиќ.

Во духот на христијанството, Божиќ е најголемиот и најрадосниот христијански празник, празник на светлината, надежта и спасението. Христовото раѓање е голем и светол настан за човековиот род, поттик за надеж и верба во животот, љубов и радост во секој наш дом.

Среќен Божиќ. Христос се роди.

Изготвли:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

 

URIME VIT I I RI 2020

Vetëqeverisja lokale e Komunës së Jegunovcit ju uron Vitin e ri 2020, duke ju uruar shumë shëndet, suksese lumturi dhe mirëqenie në të gjithë sferat e jetës.

Në vitin e ri 2020, do të vazhdojmë të punojmë së bashku për një komunë moderne, të zhvilluar dhe të bukur të Komunës së Jegunovcit.

СРЕЌНА НОВА 2020 ГОДИНА

Локалната самоуправа на Општина Јегуновце ви ја честита Новата 2020 ГОДИНА, со желби за многу здравје, успех, среќа и благосостојба во сите свери на животот.

Во новата 2020 година, продолжуваме заедно да работиме за модерена, развиена и убава општина Јегуновце.

Изготвил: Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Одржана триесетипрва седница на советот на Општина Јегуновце

Денес 25.12.2019 година со почеток во 10:00 часот се ордржа триесетипрва седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, дневениот ред содржеше 11 точки, дополнет беше со плус 2. Присутни беа сите 15 советници како и градоначалникот Дарко Блажески.

Дневен ред:

          -Усвојување на записник од триесетта седница.

  1. Предлог – Буџет на Општина Јегуновце за 2020 год.
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Буџетот на Општина Јегуновце за 2020 год.
  3. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општина Јегуновце за 2020 год.
  4. Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2020 год.
  5. Предлог – Програма за активностите на Општина Јегуновце во областа на заштита на животната средина во 2020 год.
  6. Предлог – Одлука за усвојување на Планот за архивски знаци за распоредување на актите за 2020 год на Општина Јегуновце.
  7. Предлог – Одлука за давање согласност за Годишниот план за вработување за 2020 год во Јавна локална установа Библиотека СВЕТЛИНА-DRITA с.Прељубиште-Јегуновце.
  8. Предлог – Одлука за трансверирање на средства-субвенции од Буџетот на Општина Јегуновце на Друштвото за услуги ЧИСТОТА ЈЕГУНОВЦЕ ДООЕЛ с.Јегуновце, Јегуновце за 2020 год.
  9. Предлог – Одлука за давање на позитивно мислење на Статутот на ООУ „Симче Настовски“ с.Вратница.
  10. Предлог – Одлука за давање на позитивно мислење на Статутот на ООУ „Александар Здравковски“ с.Јегуновце.
  11. Предлог – Одлука за давање на позитивно мислење на Статутот на ООУ „Шемшово“ с.Шемшово.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

23 години Општина Јегуновце

Денес 18 Декември 2019 година, Општина Јегуновце одбележува 23 години од своето формирање.

Локалната самоуправа на Општина Јегуновце предводена од градоначалникот Дарко Блажески по повод денот на формирање на Општина Јегуновце упатува честитки до сите жители на оваа општина.

На денешен ден пред 23 години се конституирал првиот повеќепартиски совет на Општина Јегуновце со што жителите од овој крај добија своја општина која ќе биде поблиска до сите граѓани.

Во населените места низ Општина Јегуновце за овие 23 години се изградени повеќе капитални проекти: водоводи, резервари, канализации, локални патишта и улици, спортски игралишта, мрежа за улично осветлување, реконструирани се училишта и домови на културата, како и многу други проекти со што значително се подобрени условите на живеење за сите жители.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Urim me rastin e Shën Klimenti i Ohrit

Njësia e vetëqeverisjes lokale të Komunës së Jegunovcit dhe kryetari i komunës Darko Bllazheski dërgojnë urim me rastin e festës së madhe shtetërore dhe fetare Shën Klimenti i Ohrit.

Roli i shenjtë i iluministit më grandioz Shën Klimenti i Ohrit dhe nxënësi më i dalluar i vëllezërve të shenjtë Kirili dhe Metodi i cili e vazhdojë misionin ortodoks –solidariteti dhe forcimi i shpirtit krishterë dhe vlerave njerëzore dhe arsimimin e tyre.

Shën Klimenti i Ohrit është themelues i Kryepeshkopatës së Ohrit, kryepeshkop i parë, themelues i Shkollës Letrare të Ohrit dhe alfabetit cirilik.

Urime dhe për shumë vjet festa.