Започна уште еден инфраструктурен зафат на проект, реконструкција и проширување на мост на регионалниот пат во населено место Шемшово

Започна уште еден инфраструктурен зафат на проект, реконструкција и проширување на мост на регионалниот пат во населено место Шемшово.
Со овој зафат значително ќе се подобрат условите за одвивање на сообраќајот на овие простори а жителите ќе можат без потешкотии да ги завршуваат своите обврски и безбедно да патуваат до потребната дестинација.
Овој проект се очекува целосно да биде реализиран престојните нелолку дена.

(more…)

Во општина Желино се одржа состанок на Центарот за развој на Полошкиот плански регион

Во општина Желино се одржа состанок на Центарот за развој на Полошкиот плански регион, на кој се разговараше за многу значајни теми кои секојдневно ги засегаат нашите граѓани.

(more…)

Во зафршна фаза е оградување на детската градинка Јаболчиња во с. Прељубиште

Во зафршна фаза е оградување на детската градинка Јаболчиња во с. Прељубиште.
Градоначалникот лично направи увид во градежните активности, каде констатирано беше дека градежните активности се одвиваат според пропишаните проектни стандарди.
Со овој зафат ќе биде комплетиран уште еден проект кој благодет ќе видат нашите деца.

(more…)

Започната  изградба на детски забавен парк во населено место Јанчиште и населено место Јегуновце

Започната  изградба на детски забавен парк во населено место Јанчиште и населено место Јегуновце.
Со оваа реализација ќе се подобрат условите на младите и сите жители од овие населени места, ќе можат непречено да спортуваат и се рекреираат.
Средствата се обезбедени од страна на центарот на полошко планскиот регион во соработка со општина Јегуновце.

(more…)

Честито нова учебна година на сите ученици и многу успех во школувањето

Честито нова учебна година на сите ученици и многу успех во школувањето.
Градоначалникот Димитар Костадиноски ги посети основните училишта од Јегуновце, на сите ученици им посака успех во школувањето а на првооделенците успешно добредојде.

(more…)

Силното невреме ја зафати општина Јегуновце  службите на ОЈП излегоја на терен

По силното невреме кое ја зафати општина Јегуновце  службите на ОЈП излегоја на терен.
Работиме на отстранување на проблемите кои настанаа по дождот кој беше проследен со силен ветер.
Во моментов се работи во најпогодените места во Општината.

(more…)

Во касарна на АРМ во Тетово се одбележа денот на единицата!

Во касарна на АРМ во Тетово се одбележа денот на единицата!
– Како градоначалник на општина Јегуновце чест и задоволство е што присуствувам на овој настан, воедно упатувам искрени честитки до сите припадници на АРМ и им го честитам денот единицата!

Градоначалникот Костадиноски оствари средба со Градоначалникот на Град Тетово господин Биљал Касами

Градоначалникот Костадиноски оствари средба со Градоначалникот на Град Тетово господин Биљал Касами.
На овој работен состанок дискутирано беше за понатамошна заедничка соработка помеѓу нашите општини, како и за идни планови кон кои може да се насочи интересот за нашите жители.

Во тек е изградба на детски забавен парк во населено место Шемшово

Во тек е изградба на детски забавен парк во населено место Шемшово.
Со оваа реализација се подобруваат условите на младите и сите жители од ова населено место непречено да спортуваат и се рекреираат.
Продолжуваме со зацртаните цели и проекти со кои го подобруваме квалитетот на живеење во сите сфери, особено ми е драго што ги подобруваме условите каде спортуваат и се рекреираат нашите деца и сограѓани.

Извршена реконструкција и проширување на мост на локалениот пат во населено место Ротинце

Завршен уште еден инфраструктурен зафат на проект, реконструкција и проширување на мост на локалениот пат во населено место Ротинце.
Со овој зафат значително се подобруваат условите за одвивање на сообраќајот на овие простори а жителите ќе можат без потешкотии да ги завршуваат своите обврски и безбедно да патуваат до потребната дестинација.
Во оптина Јегуновце мора да има подобрување на условите за живот преку реализирање на проекти и тоа ќе продолжи континуирано во сите населени места и во различни сфери од надлежност на локалната самоуправа.