Одржана четириесетта седница на Совет на Општина Јегуновце

Денес 29.07.2020 година со почеток во 10:00 часот се ордржа четириесетта седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, дневениот ред содржеше 2  точки и дополнеет беше со уште 4 точки.

Присутни беа сите 15 советници и градоначалникот Дарко Блажески.

Дневен Ред

-Усвојување на записникот од триесетидевета седница на совет.

  1. Разгледување на финансиски извештај за извршување на буџетот на општина Јегуновце за II квартал за 2020 година, и заклучок за усвојување на финансискиот извештај.
  2. Разгледување барања.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

 

Вторник и Среда на територија на општина Јегуновце ќе биде извршена дезинсекција против комарци

Се известуваат жителите на општина Јегуновце  деновите 28.07 и 29.07.2020 година почнувајќи од 21 часот па се до раните утрински часови ќе биде извршена дезинсекција против комарци.

Со оваа дезинсекција против комарци ќе бидат опфатени зелени површини, населените места како и депониите на територија на општина Јегуновце, воедно ги известуваме сите пчелари навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на неповолни временски прилики истата ќе биде одложена за што дополнително ќе ве информираме.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Петок и Сабота на територија на општина Јегуновце ќе биде извршена дезинсекција против комарци

Се известуваат жителите на општина Јегуновце  деновите 12.06 и 13.06.2020 година почнувајќи од 21 часот па се до раните утрински часови ќе биде извршена дезинсекција против комарци.

Со оваа дезинсекција против комарци ќе бидат опфатени зелени површини, населените места како и депониите на територија на општина Јегуновце, воедно ги известуваме сите пчелари навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на неповолни временски прилики истата ќе биде одложена за што дополнително ќе ве информираме.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Одржана триесетидеветта седница на Совет на Општина Јегуновце

Денес 04.06.2020 година со почеток во 10:00 часот се ордржа триесетидеветта седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, дневениот ред содржеше 1  точка. Присутни беа сите 15 советници.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Одржана триесетиосма седница на Совет на Општина Јегуновце

Денес 29.05.2020 година со почеток во 10:00 часот се ордржа триесетиосма седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, дневениот ред содржеше 5  точки. Присутни беа сите 15 советници.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Честитка по повод 24 Мај – денот на светите браќа Кирил и Методиј

24 Мај е државен празник, кој се празнува во чест на основачите на првата словенска азбука. Светите браќа Кирил и Методиј  се основоположници на словенската писменост и литература кој се заслужни за културниот развој на сите словенски народи.

По повод овој ден локалната самоуправа, советот на Општина Јегуновце и Градоначалникот Дарко Блажески упатува честитка до сите жители на Република Северна Македонија.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Urim me rastin e festës së Bajramit

Njësia e vetëqeverisjes lokale, këshilli i Komunës së Jegunovcit me kryetarin Darko Bllazheski me rastin e festës së Ramazan Bajramit lëshon urim deri te gjithë pjesëtarët e fesë islame, iu dëshiron urime të sinqerta për shëndet te mirë, beriqet, fat dhe pastrim shpirtëror.

Честитка по повод Рамазан – Бајрам до сите припадници од исламска вероисповед

Локалната самоуправа, советот на Општина Јегуновце и градоначалникот Дарко Блажески по повод празникот Рамазан – Бајрам упатува честитка до сите верници од исламска вероисповед, им посакува здравје, бериќет, среќа и духовно прочистување.

 

Изготвил: Стојанче Антовски
Општина Јегуновце