Честитка по повод Св. Климент Охридски

Локалната самоуправа на општина Јегуновце, советот и градоначалникот Димитар Костадиноски упатуваат честитка по повод државниот празник Св. Климент Охридски.

Световната улога на најграндиозниот просветител Св. Климент Охридски како најистакнат ученик на светите браќа Кирил и Методиј кој ја продолжил мисијата на православието – солидарноста и јакнењето на христијанскиот дух и вредности кај луѓето и нивно подучување и описменување.

Свети Климент Охридски е основач на Охридската архиепископија, прв епископ, основоположникот на Охридската Книжевна школа и творец на кириличното писмо, втемелувач на старословенскиот јазик како службен јазик на православната црква.

Нека ни е честит празникот и за многу години.

Катја Апостоловска од карате клубот „ТИГАР 2003“ го освои првото место на државниот изборен турнир и обезбеди виза за учество на претстојното Европско првенство во Прага Република Чешка

На државниот изборен турнир за кадети, јуниори U21, а воедно и на playoff натпреварот за учество на престојното Европско првенство во Прага, Република Чешка што се одржа на 04 и 05.12.2021 година во Гостивар, Катја Апостолоска член на карате клуб „ТИГАР 2003“ од с. Беловиште го освои првото место и обезбеди место во Македонската карате репрезентација која во периодот од 04 до 06.02.2022 година во категорија кадети -47кг во кумите (борба) ќе ги брани државните бои.

На овој изборен турнир учество зедоа и Сања Гавриловска јуниори -59кг, Ксенија Савеска кадети +54кг и Дајана Љубевска кадети –54кг, кој достоинствено го представија клубот, но не успеаа да се изборат за пласман.

Карате клуб „ТИГАР 2003“ од с.Беловиште, 18 години испешно ја претставува нашата општина од каде излегуваат врвни спортисти учесници на Државни, Балкански, Европски и Светски првенства.

Општина Јегуновце и градоначалникот Димитар Костадиоски им честитаат на сите учесници за учеството на овој државен изборен турнир, а на Катја Апостоловска и посакува успешен настап на Европски првенство.Општина Јегуновце ќе продолжи со целосна подршка и соработка со клубот за уште поголеми успеси во иднина.

Општина Јегуновце го одбележа меѓународниот ден на лица со попреченост

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3 Декември , претставници од Општина Јегуновце заедно со градоначалникот Димитар Костадиноски  денеска ги посети лицата со посебни потреби.

Овие се лица кој се разликуваат  од останатите и нивната убавина е токму во таа посебност, во разликување и издвојување од останатите, затоа должност наша е да се грижиме да им биде олеснет  животот и исполнет со убави работи.

Овој ден посебен акцент заслужува за лицата кои што им е потребна и неопходна помош за изедначување со останатите во општествениот систем. Но само еден ден не е потребен туку секој ден посебно внимание заслужуваат сите.

U majtë mbledhja e dytë e Këshillit të Komunës së Jegunovcit

Sot, më 30.11.2021 me fillim në orën 10:00 u mbajt mbledhja e dytë e Këshillit të Komunës së Jegunovcit në sallën për mbledhje në ndërtesën e komunës.

Mbledhjen e udhëhoqi kryetari i këshillit të komunës së Jegunovcit Valentina Marçevska, të pranishëm ishin të gjithë 15 këshilltarët dhe kryetari i komunës Dimitar Kostadinoski.

Одржана втора седница на советот на Општина Јегуновце

На ден 30.11.2021 година со почеток во 10:00 часот се одржа втора седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Валентина Марчевска, пристуни беа сите петнаесет советници и градоначалникот Димитар Костадиноски.