Со инсталирање на печка на пелети променет е досегашниот начин на затоплување од струја на пелети во зградата на Општина Јегуновце.
Придобивките со греење на пелети се очекува да бидат одлични, ќе создадат одлични услови за топли простории и нормално изведување на работните задачи на администрацијата во зимските денови, исто така се очекува помала потрошувачка и заштеда на финансиски средства.

Изведувач е фирмата АКВА ЛАВ-ЦЕ ДООЕЛ – Тетово додека средствата за успешна реализација се обезбедени од буџет на Општина Јегуновце.
Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце
